Тешка сообраќајка во Скопје: Еден маж загина, друг е тешко повреден

Тешка сообраќајка во Скопје: Еден маж загина, друг е тешко повреден
Триесет и шестгодишен скопјанец загина во сообраќајка што се случила синоќа околу 23:30 часот на булеварот„Александар Македонски“ во Скопје.

Како што информира денеска МВР, Г.С. (36) од скопското село Марино управувајќи автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, по што удрил во метални столпчиња, потоа во дрво и во метална кенделабра.

Во несреќата возачот Г.С. од здобиените повреди починал на местото, а додека сопатникот З.М. (38) од истото село, се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинкса помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде е задржан на лекување на Клиниката за трауматологија.

Увид на местото извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на судска медицина за обдукција.

Споделување со вашите пријатели: