Туск: Ситуацијата на Балканот подраматична од „Играта на престолите“

Туск: Ситуацијата на Балканот подраматична од „Играта на престолите“
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск оцени дека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од серијата „Игра на престолите“.Тој предупреди дека на Западниот Балкан на кој Брисел сака да воспостави блиски врски со земјите кои сакаат да се приклучат на Европската Унија, не треба да се дозволи да се одигрува по сценариото на филмската серија.

„Сите би сакале на Балканот, и сега и во иднина, да гледаме помалку драматични сценарија“, кажа Туск на церемонијата по повод преземањето на претседавањето со Европскиот совет во Софија.Тој истакна дека луѓето во целиот регион заслужуваат стабилност, сигурност и напредок и дека целта на ЕУ е таквото сценарио да се претвори во реалност.

Бугарија, Романија, Словенија и Хрватска се единствените земји од регионот кои досега успеаја да пристапат во Европската Унија, потсетува Франс прес.

Во Софија се надеваат дека ќе помогнат повторно да ги придвижат преговорите за пристапување на Црна Гора и Србија кон Унијата, како и дека ќе им помогнат на Македонија и Албанија да се приближат до преговорите за членство во ЕУ.

Споделување со вашите пријатели: