Ракомет: Исланд и Белорусија со стартни победи на Еуро 2018

Ракомет: Исланд и Белорусија со стартни победи на Еуро 2018
Селекциите на Исланд и Белорусија со победи го отворита 13-тото Европско ракометно првенство, кое попладнево стартуваше во Хрватска.

Во дуел од А групата, чиј домаќин е градот Сплит, селекцијата на Исланд со 26-24 славеше победа во дуелот против Шведска. Во вториот меч од оваа група вечерва (20:30 часот) ќе играат домаќинот Хрватска и „лутиот“ ривал Србија.

Во Пореч, каде ќе се играат средбите од Б групата, во првиот меч Белорусија во неизвесен меч ја совлада Австрија минимално со 27-26. Во вечерниот термин (20:30 часот) актуелниот светски првак Франција за противник ќе ја има селекцијата на Норвешка.

Средбите од 1.коло во Ц и Д групите на програмата се утре, а за нас секако најинтересен ќе биде дуелот во Загреб каде македонските ракометари ќе играат против Словенија

Споделување со вашите пријатели: