Премиерот Заев ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос

Премиерот Заев ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос
Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 25-ти и 26 јануари ќе учествува на Светскиот економски форум кој ќе се одржува во Давос, Швајцарија, соопшти прес-службата на Владата.

Проектите и програмските иницијативи кои ќе бидат презентирани на 48-от годишен состанок на Светскиот економски форум се на тема „Креирање на заедничка иднина во поделениот свет“.

- Светскиот економски форум е меѓународна организација која на светско ниво работи на воспоставување модел на корпоративно управување во кој вредностите се почитуваат еднакво како и правилата, наведува владината прес-служба

Споделување со вашите пријатели: