ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазиците е противуставен

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазиците е противуставен
 

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера донесе неуставен закон за двојазичност со кој се деградира употребата на македонскиот јазик и истиот се сведува на ниво на еден од јазиците кои се говорат во Република Македонија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Споредвпартијата, овој закон е во спротивност со Амандман 5 од Уставот. Со овој јазик се врши фаворизирање на само една етничка заедница - албанската, додека од друга страна сите други се маргинализираат.

„Можноста судските, управните, извршните, предистражните, истражните, кривичните, прекршочните, парничните, вонпарничните, за извршување на санкции и другите постапки да се водат на еден од двата јазици ја релативизира официјалноста на македонскиот јазик. Дополнително невозможно е закон кој се носи со апсолутно мнозинство да се усогласува одредби во закони кои се носат со двотретинско мнозинство. Двојазичност на униформите на полицијата, здравствените работници и пожарникарите ја надминува уставната рамка. Според Уставот двојазичноста може да важи за локални институции, а не во државните институции, како што тоа се прави со овој закон. Законот за двојазичност го надминува и Рамковниот договор во точка 6 од истиот, во делот на образование и употреба на јазиците“, велат од партијата.

 

Според ВМРО-ДПМНЕ, „целата постапка беше изведена шверцерски, надвор од законските процедури со ставање на европско знаменце. Најсрамно беше злоупотребена постапката за донесување на закони од значење за интеграција на државата во ЕУ. Законот се повикува на правото на ЕУ, а притоа не наведува на кој акт на Унијата, со датум и број, се повикува“.

 

Споделување со вашите пријатели: