Нимиц во Њујорк ќе предложи рамка за името

Нимиц во Њујорк ќе предложи  рамка за името
  Очекување дека на претстојниот состанок на 17 јануари во Њујорк медијаторот Метју Нимиц ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името изразија попладнево шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на средбата во Солун.

Двајцата министри, како што информираа од МНР, разговараа за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликата околу името.Се согласија да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името.

Унапредувањето на билатералните односи и соработката во поширок контекст, поврзано со тековните мерки за градење доверба, беа исто така во фокусот на денешната средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција. Средбата се одржа, во рамки на воспоставениот дијалог и консултации меѓу двете земји, насочени кон зајакнување на транспарентноста и меѓусебната доверба.

Двајцата министри размениле мислење поврзани со мерките за градење доверба и други подготовки околу следните средби на високо политичко ниво меѓу двете земји.Со идентично соопштение и во исто време со македонското, излезе и грчкото МНР. Средбата беше најавена вчера од двете министерства во исто време, но не беа соопштувани локацијата, ниту времето, се до последен момент.

Споделување со вашите пријатели: