Македонија увезувала стотици илјади тони опасен отпад

Македонија увезувала стотици илјади тони опасен отпад
Во 2016 година Македонија увезла 118.778, а извезла само 4.011 тони отпад, стои во официјалниот извештај на Министерството за животна средина. Овие бројки се добиени врз основа на годишниот рапорт на создавачите на опасен отпад, кои се должни да пријават колку отпад извезле, а колку увезле.

Овие количини создаден отпад во споредба со количините од претходните години се многу помали, што се должи на непријавување создаден опасен отпад од страна на АД ЕЛЕМ, подружница РЕК „Битола“, кое прикажало во претходните години создаден опасен отпад кој сопствено го отстранува во количина од околу 1.500.000 тони“, се наведува во извештајот на Министерството.

Под опасен отпад се смета и медицинскиот што се создава во здравствените институции како производ на употребени средства и материјали при дијагностицирање, лекување, третман и превенција на болестите кај луѓето и кај животните. Во истата категорија се и патолошкиот отпад, што содржи отфрлени делови од човечко тело, инфективниот кој содржи патогени биолошки агенси кои поради својот тип може да предизвика болести кај луѓето кои се изложени, отпад од остри предмети што содржи игли, ланцети и скалпели, како и фармацевтскиот отпад што содржи фармацевтски производи, цитостатични лекови и цитостатици вратени од одделот каде што биле излеани и хемиски што содржи отфрлени цврсти, течни или гасовити хемикалии.

Од Министерството за животна средина,сепак, вчера соопштија дека од 2013 до 2017 година не е регистриран увоз на медицински отпад во земјава како одговор на реакциите во јавноста по енормното загадување на воздухот и обвинувањата дека согорувањето медицински отпад во „Дрисла“ е виновник за тоа.

Споделување со вашите пријатели: