Русија: Првоодделенец повикан да служи воен рок

Русија: Првоодделенец повикан да служи воен рок
Семејството од рускиот град Усуриск претрпело шок кога на нивна адреса дошла покана нивниот седумгодишен син да се јави за регрутација.

Семејството на Саша Гумењук ја објавило поканата за првоодделенецот на социјалните мрежи со саркастичен коментар дека ќе ја исполнат наредбата.

Локалните медиуми од овој град на далечниот исток на Русија ги контактирале воените власти, кои велат дека се работи за грешка во запишување на годината на раѓање.

Детето за локалниот портал „Усурмедиа“ рекло дека жали што овој пат мора да ја одбие поканата да го отслужи воениот рок. Негов сон, рекол Саша, е да стане полицаец кога ќе порасне.

Во Русија, секој граѓанин од машки пол, кој ќе наполни 18 години, мора да отслужи едногодишен воен рок

Споделување со вашите пријатели: